Внимавајте на вашиот карактер; тој станува твоја судбина.
ОВЕН
Работа: Средината на оваа работна недела може да донесе помали падови на деловниот план. Се препорачува да се занимавате со ситни детали, формалности, за да избегнете превиди.
Љубов: Ако некако успеете да анализирате што помалку, тогаш имате реални шанси да го видите крајот на денот барем на позитивна нота што се однесува до љубовта.
Здравје: Денеска зголемена нервоза.
БИК
Работа: Солиден работен ден за Биковите успешно да ги средат отворените професионални обврски, и да направат подобар и попрецизен план за деловните чекори што ги очекуваат во наредниот период.
Љубов: Што се однесува до љубовта, трудете се што повеќе да се занимавате со суштината, а помалку со ситниците.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Повеќето типични претставници на овој знак денеска ќе имаат добра астролошка клима за воспоставување нови деловни контакти, и успешни договори и преговори. Внимателно прочитајте сè во договорите и документите.
Љубов: Колку и да се трудите да го игнорирате мешањето на пријателските и емотивно-љубовните чувства, денес ќе се соочите со прилично големи искушенија од овој вид.
Здравје: Осетливост во зглобовите на рацете и нозете.
РАК
Работа: Многу добар работен ден ќе имаат сите оние Ракови кои имаат одредена автономија во работата или се занимаваат со приватен бизнис, каде некои зделки можат конечно да се искристализираат и да тргнат во посакуваниот правец.
Љубов: Она што би можело малку да ја размрда вашата рутина е излегувањето и доброто време со добро друштво.
Здравје: Многу добро.
ЛАВ
Работа: Лавовите би можеле да очекуваат солиден ден на професионален план доколку се фокусираат пред се на една, најважната деловна обврска.
Љубов: Претставниците на овој знак ќе имаат многу добар ден за флертување и шармантност на широк фронт, сепак, внимавајте на љубомората, и раскажаните приказни.
Здравје: Можна несоница.
ДЕВИЦА
Работа: Еве работен ден за повеќето родени во знакот Девица да одморат или барем да се потпрат на своите најблиски соработници повеќе од вообичаено со добра организација.
Љубов: Среда може да биде добар ден во љубовната сфера, доколку сте собрале храброст да покажете некоја поконкретна иницијатива кон саканата личност.
Здравје: Физичката активност на отворено би ви годела.
ВАГА
Работа: Реално е дека ќе добиете пофалби за вложениот труд и работа, но може да ве изненадат и понуди од некои луѓе од претходно за нова соработка или ангажман.
Љубов: Иако денот во суштина не е лош за љубовни настани, најмногу ќе се занимавате со некои небитни детали од минатото, и непотребно ќе се оптоварувате себеси и саканата личност.
Здравје: Се чувствувате физички уморни.
ШКОРПИЈА
Работа: Не е особено поволен ден за екстра резултати на професионален план, но може да биде добар и ефикасен за прегрупирање и реорганизирање на деловните цели. Очекувајте поддршка и помош од некој доверлив соработник.
Љубов: Сите важни параметри упатуваат на просечен ден во љубовната сфера, но и најтипичните претставници на Шкорпијата можат самоиницијативно да го направат денот поинтересен од очекуваното.
Здравје: Алергиските реакции на кожата можат да ви предизвикаат помали проблеми.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ги постигнувате речиси сите ваши професионални цели, но по која цена. Денес треба да се зафатите со план за подобра и поекономична потрошувачка на енергија.
Љубов: Првенствено сте фокусирани на себе и на сопствените љубовни потреби, но еве добар ден да посветите малку повеќе внимание и време на саканата личност.
Здравје: Можна нервоза, напнатост.
ЈАРЕЦ
Работа: Вредната и марлива работа дава резултати пред се на долг рок, повеќето Јарци денес би можеле да добијат некое краткорочно професионално задоволство.
Љубов: Типични претставници кои се слободни и желни за акција на љубовно поле денеска ќе имаат поволна клима да се покажат и да направат нешто конкретно.
Здравје: Нема причина за големи здравствени проблеми.
ВОДОЛИЈА
Работа: Водолиите ги очекува уште еден многу добар ден доколку имаат желба и волја да се докажат професионално, па дури и да иницираат некои нови, авангардни деловни идеи.
Љубов: Ова не е најповолен ден за да форсирате нешто во љубовната сфера, без разлика дали сакате да разјасните некои нејаснотии со саканата личност или имате освојувачки намери.
Здравје: Многу добро
РИБИ
Работа: Голема е веројатноста крајот на работниот ден да го дочекате позитивно расположени, најмногу поради тоа што успешно сте решиле некои заплеткани ситуации поврзани со папирологијата и документација.
Љубов: Можности за покажување симпатии и флерт треба да има повеќе, на вас е да се активирате и да направите барем еден чекор во покажувањето на вашите аспирации.
Здравје: Освен чувството на ментален замор, нема поголеми здравствени предупредувања.