По долги години бегство во Србија, денеска на граничниот премин Табановце бил приведен поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Денеска (10.01.2023) на ГП Табановце е приведен Д.Д. , кој се бараше со меѓународна потерница, и ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа, се вели во кратата информација од МВР.

Даравелски беше осуден со правосилна судска пресуда дека проневерил 2,5 милиони евра,

додека беше директор на Царинската управа во периодот 1999-2002 година.

Се знаеше неговото место на живеење во Белград, но државава никогаш не успеа да го екстрадира.

By Author