Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за возач почетник, три мерки за нерегистрирани возила, три санкции за користење мобилен телефон при возење…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.