Шокантен божиќен говор на Амека, еден од најнапредните роботи во светот зборуваше за темите што ја обележаа оваа година.
Роботот Амека зборуваше за теми како војната во Украина, смртта на кралицата Елизабета Втора, како и климатските промени.
Во телевизиско обраќање што следеше по годишниот божиќен говор на кралот Чарлс III.
Станува збор за робот кој е способен за ултра реални реакции – може да се насмевне или да се намурти, да трепка, па дури и да намигнува.
„Со восхит и загриженост гледам на настаните од оваа година. Точно е дека многу појави во 2022 година беа од негативна природа. Видовме како луѓето на власт подлегнуваат на антисемитизмот, корупцијата и омразата. „Видовме како народот на Украина беше подложен на инвазија и раселување од Русија“, рече роботот.
Тој зборуваше и за смртта на кралицата Елизабета Втора.
„Ја видовме смртта на саканата кралица Елизабета Втора, видовме и како светот на политиката станува се похаотичен без неа. Да не зборуваме за влијанието на пандемијата врз менталното здравје, растечката нееднаквост меѓу богатите и сиромашните и се поекстремните временски услови предизвикани од климатските промени“, додаде Амека.
Најшокантниот дел е што неговиот божиќен говор не го напишал човек, туку користел софтвер кој генерирал одговори од милиони различни влезови за да даде одговор што е можно поблизок до човекот.
Изгледа дека навистина успеале во тоа.