Продолжува падот на цената на маслото за јадење. Зејтинот на Велешка Маслодајна падна под 100 денари за литар, продажна цена, иако пред половина година беше 160.
„Во пресрет на новогодишните и Божикни празници, како општествено одговорна компанија ја симнавме цената. Граѓаните во овој период купуваат масло за јадење, има зголемена побарувачка. Затоа како наш одговор кон нив, ја намаливме цената. На тоа влијаеше и падот на цената на светските берзи како и помошта од Владата за субвенционирана електрична енергија“ – велат од Кристал 1923.
Потсетуваат дека за разлика од други основни прехранбени продукти, лебот, брашното, млекото, млечни производи, маслото за јадење има пад од 40 отсто на цената од пред седум месеци.