На 21.12.2022 во 19.30 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Т.П.(33) од Битола. При претрес во неговиот дoм, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол со рамка и пет куршуми, амфетамин, марихуана и други предмети со остатоци од марихуана и амфетамин.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.