Џорџа Мелони оддаде почит на легената.
Пред ковчегот на починатиот српски фудбалски великан Синиша Михајловиќ (54), кој денеска беше донесен во салата на општината Рим пред утрешниот погреб, се појави премиерот на Италија Џорџа Мелони.
И таа, како и многу познати и непознати сограѓани, почувствува потреба да му оддаде почит на човекот кој остави таков белег во Рим и Италија. Таа со болка и солзи во очите го опиша Михајловиќ со само еден збор – храброст.
– Важноста што фигура како Синиша Михајловиќ му ја остава на светот, не само на фудбалот, е храброста. Храброста што не учи е нешто што Михајловиќ знаеше да го направи и поради тоа беше почитуван не само од навивачите на неговите тимови, туку и од противничките навивачи. Животот е борба, треба да знаеш да се бориш. Тоа го направи чесно, почитувајќи ги правилата за време на неговиот живот како фудбалер, за време на неговиот живот како маж и за време на борбата со болеста до самиот крај – рече премиерката на Италија.