Почина 15 годишно дете во сообраќајна незгода која се случила во село Марино.Имено незгодата се случила помеѓу патничко возило “рено” управуван од С.И (30) и мопед априлија со скопски регистарски кој го управувал малолетникот вчера во 13:20 часот.
Малолетникот им подлегнал на повредите и починал на лице место ,а Итната медицинска помош само констатирала смрт. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција, а возилото било однесено на вонреден технички преглед.