Документарецот на Нетфликс, Хари и Меган, премиерно беше прикажан рано утринава, открива досега непознати детали од животот на популарната двојка. Во исто време, Бакингемската палата, според британските медиуми, е бесна поради нивниот потег, кој го сфатиле како директно објавување војна.

„Меган и Хари денеска му објавија војна на кралското семејство кога нивниот документарец беше објавен на Нетфликс“, пишува Дејли Мејл.

Многу очекуваната серија е претставена во два дела, а првите три епизоди од документарната серија од шест дела сега се достапни за стримување.

Војводата и војвотката од Сасекс отворено зборуваа за Мегзит, расизмот и нивниот нов живот во Калифорнија. Серијата започна со жесток коментар дека кралското семејство одбило да ги коментира информациите откриени во шоуто и откри дека е снимено во август 2022 година, пред смртта на кралицата Елизабета.

Епизодата започнува со снимањето на Хари на аеродромот Хитроу во март 2020 година додека ги завршува своите последни кралски должности пред да замине за Америка. Неговата сопруга во меѓувреме е во Ванкувер и со солзи на својот кревет вели: „Не знам ни од каде да почнам“.

„Ова е приказ од прва рака за приказната на Хари и Меган, раскажана во досега невидена лична перспектива“. „Сите интервјуа се завршени до август 2022 година. Членовите на кралското семејство одбија да ја коментираат содржината на оваа серија“, соопшти Нетфликс.

По оваа воведна епизода, во која Меган и Хари зборуваа за тоа како се запознале и со какви предизвици се соочиле, се очекува во следните епизоди да бидат откриени многу повеќе информации.

By Author