Стотици спасувачи беа распоредени денеска во најтешко погодените села Сумбервулух и Супитуранг, каде што куќите и џамиите се затрупани до покривот со тони вулкански отпад.

Подобрените временски услови денеска им овозможија на спасувачите да продолжат со напорите за евакуација и потрагата по можни жртви по ерупцијата на вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава.

Вулканот Семеру во областа Лумајанг во провинцијата Источна Јава исфрли густа пепел повеќе од 1.500 метри во воздухот во неделата, покривајќи ги селата и околните градови со паѓање пепел, но нема извештаи за повредени или жртви, пренесе АП.

Стотици спасувачи беа распоредени денеска во најтешко погодените села Сумбервулух и Супитуранг, каде што куќите и џамиите се затрупани до покривот со тони вулкански отпад.

Вулканот Семеру еруптираше во неделата наутро по локално време, а речиси 2.000 луѓе беа евакуирани од областа околу вулканот.

Сепак, голем дел од нив денеска се вратија за да го спасат својот добиток и да се обидат да го заштитат својот имот.

Зголемената вулканска активност вчера попладне ги натера властите да ги повикаат луѓето да се држат најмалку осум километри подалеку од вулканот поради исфрлање на лава.

Семеру, познат и како „Големата планина“, е највисокиот вулкан во Јава со висина од 3.676 метри и е еден од најактивните.

Последен пат избувна пред точно една година, кога загинаа најмалку 50 луѓе.

Ерупцијата уследи по серијата земјотреси на западниот дел на островот Јава, кој се наоѓа на околу 640 километри источно од Џакарта, главниот град на Индонезија.

By Author