Дали имате поза што автоматски ја завземате кога ќе ја видите камерата?
Сите ја знаете изреката: една слика, илјада зборови.
Фотографските експерти на „Parrot Print“ ни открија тајни пораки скриени во говорот на телото. Тие велат дека нашето држење, гестови и оддалеченост од другите можат да откријат повеќе за нас и за нашиот однос со другите отколку што мислиме.
– Откако ќе разберете какви сигнали испраќате до другите, можеби ќе сакате да го искористите тоа, односно да го користите говорот на телото во ваша корист кога позирате – велат тие.
Стуткано држење
Овој став на сликата може да укаже на стрес или недостаток на самодоверба, а за да изгледате позитивно и полни со енергија, исправете се за фотосесијата со градите надвор и рамената наназад.
Навалена глава
Ако луѓето ја навалуваат главата еден кон друг, тоа значи дека се сакаат и добро се согласуваат.
Затегнати усни
Луѓето со цврсто стиснати усни на фотографиите може да се покажат како несигурни, а недостатокот на насмевка може да значи дека не се толку среќни како и обично во тој момент.
Главата потпрена на туѓи гради
Ова најчесто го прават парови, а ако партнерот на фотографиите ја потпира главата на вашите гради, тоа значи дека со вас се чувствува безбедно и заштитено и дека зависи од вас.
Рака над нечие рамо
Ако ја ставите раката преку нечие рамо додека фотографирате, покажувате прилично доминантна личност и дека сакате да имате контрола.
Отворен говор на телото
Ако нечиј говор на телото е „отворен“, а нозете и рацете му се раширени, тоа значи дека му е удобно и самоуверено. Кога луѓето го имитираат говорот на телото на другите, тоа значи дека се блиску еден до друг и веројатно поминуваат многу време заедно.