Републиканците ја вратија контролата врз Претставничкиот дом, објави вечерва „Гардијан“.
Таа партија конечно го освои своето клучно 218 место во Долниот дом на Конгресот, со што ја презеде контролата од демократите припремајќи го теренот за „пресметка“ со Џо Бајден во следните две години од неговото претседателствување.
Резултатот значи крај на демократката Ненси Пелоси како претседател на Претставничкиот дом и најверојатно ќе му ја предаде „власта“ на републиканецот Кевин Мекарти, кој рече дека има намера да ја преземе функцијата.
Контролата на Домот е клучна затоа што ќе им овозможи на републиканците да започнат низа конгресни истраги, од неуспешното повлекување на Бајден од Авганистан до очигледно политизираните истраги за активностите на владата за време на пандемијата на коронавирус и деловните активности на синот на Бајден, Хантер.
Во следните две години тие ќе имаат можност да управуваат со долниот дом на Конгресот, додека мнозинството во Сенатот или Горниот дом го обезбеди Демократската партија предводена од американскиот претседател Џозеф Бајден, јавуваат агенциите.
Се предвидува дека републиканците ќе освојат меѓу 218 и 223 места во 435-члениот Претставнички дом, пренесува Ројтерс.