По повод извештаите за експлозија на полска територија во близина на границата со Украина, Елисејската палата вечерва соопшти дека утрешната средба на лидерите на Г-20 ќе биде важна за подигнување на свеста за војната во Украина.

Од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопштија дека тој е во контакт со полските власти и дека е запознаен со ситуацијата, пренесува Ројтерс.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вечерва изјави дека е „вознемирена“ од извештаите за експлозијата во Полска.

– Внимателно ја следиме ситуацијата и сме во контакт со полските власти, со нашите партнери и сојузници – напиша таа на Твитер, изразувајќи го своето сочувство со „најсилната порака за поддршка и солидарност со Полска и украинските пријатели“.

By Author