47 годишен велешанец бил лишан од слобода од страна на полициските службеници.Имено лицето Б.А 47 од Велес бил затекнат во патничко возило при извршување на тешка кражба.
Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Б.А. се сомничи дека и претходно сторил повеќе тешки кражби во патнички возила, а досега се расчистени шест од нив. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 236 и член 206 од Кривичниот законик.