На 23.04.2021 во 13.30 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ж.(43) од Скопје, затоа што при преглед кај него биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање наслучајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.04.2021 во 13.00 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(18) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.04.2021 во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 15 санкции, девет за возење без возачка дозвола, две санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 37 санкции за прекршоци кои ги прават пешаците, осум за користење мобилен телефон и 51 санкција за непрописно паркирани возила.

На 23.04.2021 во 11.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода М.Б.(72) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден револвер непозната марка и 14 куршуми калибар 7,62мм. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

На 23.04.2021 во 04.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.А.(47) од Велес. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во патничко возило. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Б.А. се сомничи дека и претходно сторил повеќе тешки кражби во патнички возила, а досега се расчистени шест од нив. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 236 и член 206 од Кривичниот законик.

На 23.04.2021 во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром, Б.У.(46) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ била касната од куче скитник.

By Author