Пациентка од Универзитетската болница во Дижон почина од – глад!

Оваа необична вест ја пренесоа децата на седумдесет и седумгодишна жена која била примена на лекување поради скршеница на ногата. Сето тоа излезе на виделина во вторникот, кога француските медиуми ја објавија причината за тужбата на нејзините деца. Клодет Сајмон била примена во болница на 23 август и починала осум дена подоцна. Била ставена на листа на чекање за операција која не ја дочекала.

Францускиот здравствен систем беше познат по својата ефикасност и достапност, но со години се влошува поради недостигот на работна сила, недоволните плати и затворањето на одредени институции. Сè уште е на високо ниво, но поради превработениот персонал и намалената ефективност понекогаш се случуваат невообичаени и неприфатливи промашувања како овој со трагичен крај.

– Тужбата нема да ја врати нашата мајка, но сакаме барем некое друго семејство да не се најде во таква тажна ситуација – изјавија ќерката и синот на Клодет, Муриел и Жан.

Тие истакнуваат дека на нивната мајка вечерта на 24 август и дале само супа од зеленчук и дека тоа била „единствената храна што и била дадена пред да почине“.

Имено, во правилата стои дека таа не смее да јаде неколку часа пред операцијата, а проблемот бил што од ден на ден ја одложувале нејзината операција, имајќи предвид дека тоа не било итен случај. Секогаш кога барала храна, медицинскиот персонал ја одбивал, бидејќи „утре ќе биде оперирана“. За тоа се пожалила на ќерка си по телефон.

Така таа достигнала состојба на целосна дехидрација, во која паднала ноќта меѓу 28 и 29 август. Таа паднала во кома и била префрлена на реанимација, по што набрзо починала. Судот покрена истрага за да се утврдат точните причини за нејзината смрт.

Извор: Нпортал

By Author