Ако сакате да живеете среќен живот, врзете го за цели, а не за луѓе или предмети!

ОВЕН
Малку е веројатно дека ќе можете да го искористите овој ден за одмор онолку колку што сте посакувале. Сепак, деловните обврски нема да можат да чекаат до понеделник, затоа подгответе се да завршите некои работи. Во емотивниот сегмент хармоничен и исполнет ден.

БИК
Ќе имате чувство дека сте на крајот од вашите сили, но сепак ќе успеете да најдете доволно енергија за да го завршите планираното. Во емотивниот сегмент потрудете се да бидете активни – ова може да биде феноменален ден за вашите љубовни врски.

БЛИЗНАЦИ
Иако зад вас е напорна недела и најдобро би било времето да го поминете во забавни активности, сепак ќе мора да ги исправите пропустите. Ако се потрудите, можете да ја поправите разнишаната комуникација со саканата личност.

РАК
Се ближи крајот на некои тешки обврски и ќе ги вложите сите сили ова да го завршите навреме. Добар однос со колегите. Ве очекуваат прекрасни моменти со саканата личност, но преферирате да ги поминете дома, во опуштена атмосфера.

ЛАВ
Се чувствувате поодморено и расположени и имате повеќе енергија од вообичаено. Ова добро ќе ви дојде, бидејќи ќе има помали проблеми во деловниот сегмент. Направете добра организација на попладневните и вечерните часови – треба да вклопите повеќе луѓе во вашиот распоред.

ДЕВИЦА
Некои ситуации не ви одговараат и ви е тешко да се снаоѓате во нив, но сепак ќе успеете да се посветите на она што ви е важно. Во вечерните часови постојат големи можности при излегување да сретнете личност која долго не сте ја виделе. Исклучително убава средба.

ШКОРПИЈА
Кој сака да работи нека работи, а вие денес навистина немате намера да го правите тоа. Ќе се трудите да ги исполните обврските и ќе се фокусирате на приоритетите. А тие денес се посветени на одмор, уживање и зајакнување на комуникацијата и блискоста со саканата личност.

СТРЕЛЕЦ
Иако можеби немавте намера да „влезете“ подлабоко во деловниот сегмент, сепак можеби ќе ве изненадат некои сосема издржани предлози од соработниците. Ќе се обидете да го надополните она што сте го пропуштиле претходните денови со вашата сакана личност.

ЈАРЕЦ
Денеска ќе се потрудите да соберете информации кои ви се важни или ќе се посветите на договорите со деловните партнери. Емотивниот дел е добро поставен за оние кои се во врска, како и за оние кои се сингл – вечерта е одлична за комуникација со некој интересен.

ВОДОЛИЈА
Гледајте конечно да ги завршите обврските кои со денови ги избегнувате или се правите дека не ги забележувате. Потребен ви е договор со некои луѓе, иако комуникацијата ќе биде затегната. Посветете му се на партнерот денес – сè оди полесно од вообичаено.

РИБИ
До вас стигнува деловна понуда, но можно е да не е поврзана со редовен бизнис, туку да нуди некој дополнителен ангажман. За ова би било вредно да се размислува. Емотивниот партнер ве оптоварува со неговото однесување. Ви се чини дека тој не е подготвен за сериозен разговор.

By Author