Денес повторно се актуелни заканите со бомби во скопските училишта.
Денес во повеќе општини во Скопје, училишта на меил адресите добија закани за поставени бомби информира Министерството за внатрешни работи, 2- во автокоманда, 2 – во Аеродром, 2 – во Центар, 1 – во Карпош,1 – во Чаир ….. Пристигнуваат нови дојави
– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот информираат од МВР.
Ова е четврти пат да има дојави за поставени бомби во гимназиите во главниот град. Претходните трипати дојавите беа лажни. Во сите случаи идентично имаше евакуација на ученците.
Кој и зошто си игра пред се со чувствата на децата, или можеби причината е сосема друго. Да се одалечат полициските сили од други случувања.