Меѓу загинатите има и еден малолетник
Најмалку пет лица загинаа кога брод во северна Куба, кој пловел кон САД, потона по судир со брод на кубанската крајбрежна стража, јавија кубанските државни медиуми.
Бродот се превртел во саботата по несреќа во близина на Баја Хонда, на околу два часа од главниот град Хавана, јави АП.
Меѓу загинатите има и едно малолетно лице и три жени, додека 23 лица се спасени, јавуваат кубанските медиуми.
Кубанските власти соопштија дека истрагата за несреќата е во тек.
Несреќата се случила за време на најголемиот мигрантски бран од карипскиот остров во последните 40 години, предизвикан од растечката економска, политичка и енергетска криза, наведува американската агенција.
Помеѓу октомври 2021 и август 2022 година, американската крајбрежна стража пресретна повеќе од 4.600 Кубанци кои се обидуваа да стигнат до САД со брод, речиси шест пати повеќе отколку во целата 2020 година.