На премиерската позиција беше нешто повеќе од еден месец, а одлуката за оставка ја соопшти пред Даунинг стрит
Револуционерните мерки за економски раст на Лиз Трас не вродија со плод, и по катастрофалниот контраефект кој го предизикаа и под силниот притисок внатре во Конзервативната партија, беше приморана да поднесе оставка. Трас навистина испиша историја во британската политика, но не како револуционерен реформатор на британскиот економски систем, туку како премиер кој најкратко ја извршувал функцијата.
Актуелната премиерка на Велика Британија Лиз Трас вчера поднесе оставка. Иако беше на позицијата само 45 дена, таа го исполнила условот и до крајот на животот ќе добива годишно по 115.000 фунти (околу 130.000 евра) од државата.
Согласно прописите пропишани од Владата на Обединетото Кралство, на сите поранешни премиери им се обезбедува годишен надоместок од наведениот износ.
За да ги исполнувате условите за додатокот, треба само да станете поранешен премиер, што значи дека Трус наскоро ќе ги исполни тие барања, иако таа е премиер со најкраток стаж во историјата на ОК.
Да потсетиме, премиерката на Велика Британија, Лиз Трс вчета поднесе оставка од оваа функција.
На премиерската позиција беше нешто повеќе од еден месец, а одлуката за оставка ја соопшти пред Даунинг стрит.
– Ја презедов функцијата во време на голема економска и меѓународна нестабилност. Семејствата и бизнисите беа загрижени за тоа како да ги платат сметките, рече таа во говорот.
Таа рече дека е избрана да го промени тоа, но сега сфаќа дека не може, со оглед на ситуацијата.
Трас рече дека изборите за лидер на Конзервативната партија ќе се одржат следната недела и дека таа ќе остане како премиер додека не се избере наследник.
Таа го наследи Борис Џонсон на премиерската функција, а во историјата ќе остане запаметена како премиер на државата со најкраток мандат.