Бројот на загинати во пожарот во станбена зграда што избувна по падот на авионот Су-34 во градот Џејск на Краснодарската територија се искачи на 15, соопшти за Спутник прес-службата на управата на Краснодарската област. .
Според вицегувернерот има 43 повредени, меѓу кои девет деца. Во болницата има 25 лица.
Синоќа руски суперсоничен ловец-бомбардер Су-34 се урна во дворот на станбена зграда во Јејск, по што се запали горивото во авионот. По падот на авионот, избувна пожар на површина од 2.000 квадратни метри на првите четири ката од зградата. Пожарот подоцна бил изгаснат.
Кремљ по несреќата објави дека претседателот на Русија Владимир Путин наредил да им се пружи сета потребна помош на настраданите во авионската несреќа. Според извештаите, претседателот им наредил на шефот на регионот, министерот за вонредни ситуации и министерот за здравство да отпатуваат во Џејск и да им пружат помош на настраданите.