Овогодинешните 93-ри Оскари ќе се одржат во Лос Анџелес во „Долби театарот“ на 25 април. За разлика од претходните години, салата нема да биде преполна и нема да се слушнат силни аплаузи упатени кон победниците. Поради пандемијата, голем број номинирани лица ќе бидат вклучени од нивните домови.
Поради епидемиолошката состојба на светско ниво и затворањето на кинaта, правилата при изборот на номинирани филмови се променија. Оваа година, сите филмови кои дебитираа на стриминг услуги или на платформи кои ја имаат опцијата PVOD (премиум видео на барање) беа еднакви учесници во трката за Оскар.Со оглед на тоа што филмските награди нè очекуваат следната недела, ова се номинираните во главните категории на кои треба да обрнете внимание.
Sound of Metal – Номиниран за најдобар филм
The Father – Номиниран за најдобар филм
Promising Young Woman – Номиниран за најдобар филм
Minari–Номиниран за најдобар филм