Денеска од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единицата за прв одговор и интервенција, кај Камен мост во Скопје бил приведен А.З.(30) од Скопје, кој во 09.40 часот, при излез од Кривичен суд во Скопје, избегал додека бил спроведуван од страна на Затворска полиција.

Како што информираат од МВР веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и А.З е приведен во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.

By Admin