Вчера во 16 часот заврши референдумското изјаснување во Доњецката и Луганската народна република како и во Запорожјската и Херсонската област. Уште предходно се знаеше дека огромното мнозинство на тој дел на Украина гласало за приклучување кон Руската Федерација.
Прашање е само колкав е процентот на луѓе кои заокружиле „да“ и со тоа официјално решиле да станат составен дел на Русија. Ваквиот резултат беше очекуван бидејќи во тие области живеат голем број Руси, а по државниот удар во 2014 година им беа одземени елементарните права да го користат рускиот како официјален јазик рамноправно со украинскиот каде што се мнозинство.
Граѓаните на југоисточна Украина ги обедини и тоа што владата од Киев секојдневно ги будеше со артилериски проектили и ракети во кои загинаа многу цивили.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вчера изјави дека по овој референдум безбедносната ситуација во Донбас и другите територии радикално ќе се промени.
Украинското раководство во изминатите неколку дена се обиде со засилен артилериски оган да го заплаши населението каде се одржуваше референдумот, но не успеа.
Поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев, сега потпретседател на Советот за безбедност на РФ, повтори дека руската атомска доктрина прецизира кога неговата земја ќе биде принудена да користи атомско оружје. Постојат две главни причини зошто Русија би го употребила своето атомско оружје. Прво, ако биде нападната, и второ, ако се доведе во прашање нејзиниот територијален интегритет.
– Ќе направиме се за да не се појави атомско оружје меѓу нашите соседи. Ако бидеме доведени во опасност, никого нема да прашаме дали можеме да го користиме нашето атомско оружје – рече Медведев. За украинското раководство, Медведев рече дека е во „наркотичен сон“ поради желбата да добие атомско оружје. Украинските медиуми пишуваат дека Киев сака да набави атомско оружје од Израел.
Медведев не верува дека Американците би реагирале дури и ако Русија биде принудена да употреби „тактичко атомско оружје“ против Украина.
– Безбедноста на Вашингтон, Лондон и Брисел е поважна за НАТО од судбината на Украина и затоа тие би страдале доколку Русија употреби какво било оружје против украинската армија – смета Дмитриј Медведев.
Московскиот воен комесаријат објасни дека сите оние кои не добиле покана можат да патуваат каде сакаат, дури и во странство. Руските медиуми отворено пишуваат за оние кои заминуваат.