Украина најави размена на 215 воени заробеници со Русија, вклучувајќи ги и лидерите на одбраната на фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
„Успеавме да ослободиме 215 луѓе во најголемата размена на затвореници од почетокот на руската инвазија во февруари“, изјави шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андреј Јермак.
Русија прими 55 затвореници, меѓу кои беше и поранешниот заменик Виктор Медведчук, близок соработник на Владимир Путин, кој беше обвинет за велепредавство во Украина, изјави во своето секојдневно обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Како дел од таа долго подготвена операција, пет воени команданти, вклучително и началниците на одбраната на Азозвстал, беа префрлени во Турција, рече тој.
„Тие ќе останат во Турција во целосна безбедност во удобни услови до крајот на војната врз основа на договорот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“, додаде Зеленски.
Оваа размена вклучува и десет воени заробеници, меѓу кои пет Британци, двајца Американци и еден Хрват, за кои претходно беше објавено дека биле префрлени од Русија во Саудиска Арабија.