Неколку дена по силниот земјотрес во кој загинаа две лица и беа оштетени стотици згради нов земјотрес го погоди Мексико.
Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот бил на 80 километри под површината на Земјата, соопшти EMSC.
По земјотресот не е издадено предупредување за цунами, соопшти американскиот систем за предупредување од цунами.
Засега нема извештаи за потенцијални жртви или материјална штета.
Ројтерс јавува дека земјотресот бил почувствуван и во главниот град Мексико Сити, каде што граѓаните почнале да ги напуштаат зградите и да излегуваат на улица по земјотресот.