Самодовербата е клуч за успех. Вербата во своите квалитети е основа во односите помеѓу вработените и општо во секојдневните меѓучовечки односи, a големината на самодовербата директно се одразува на тоа колкав ентузијазм и мотивација ќе имаме секојдневно. Поради тоа е многу важно да работите на одржување и зајакнување на самодовербата. Постојат безброј начини на кои може да го направите тоа, а во продолжение ви нудиме неколку од нив.
Континуирано усовршување
Секогаш имајте на ум дека силна личност е онаа која не се откажува од постојана работа на себе.
Образованието е еден од најважните процеси на самоподобрување, а прифаќањето на фактот дека се раѓаме без никакво знаење, е првиот чекор кон градење на самодоверба.
Без разлика дали работите на едукацијата така што стекнувате знаења од области како историја или уметност, или идндустриска гранка, резултатите се исти и многу повеќе ќе се цените себе си кога ќе сфатите дека многу подобро се снаоѓате во областа која ја работите.
Размислете за начините на кои можете да се едуцирате. Ако сте повеќе индивидуален тип во тој случај купете си литература за читање и информирајте се или пак, запишете се на индивидуален курс.
Грижа за изгледот
Гржата за изгледот не служи само за другите да ве перцепираат на одреден начин, туку и за поголема самодоверба при остварување контакти.
Воедно треба да знаете дека нашиот изглед е одраз на здравствената и менталната состојба во која се наоѓаме, следствено на тоа важно е да внимавате на исхраната и секојдневната физичка активност.
Став кон другите
Карактерот и самодовербата не се градат во осаменост.
Зајакнувањето на личноста доаѓа преку излегување од вашата зона на удобност, односно запознавање со други луѓе и развој на комуникациските вештини.
Исто така, важно е да се опкружуваме со луѓе кои не гледаат такви какви што сме навистина и нè сакаат поради тоа. Затоа важен чекор на патот од несигурна до силна личност е постојано да работиме на нашиот социјален живот и односот со другите, да запознаваме различни луѓе, да се обидеме да ги разбереме и да се запознаеме преку нив.
Афирмации
И кога правиме сè како што треба, работејќи на тоа да се вреднуваме што повеќе, понекогаш се случува потсвеста да не попречува во градењето самодоверба. Една љубезна реченица упатена до нас во тинејџерските години може да нè следи и да го одреди целиот наш живот, ако не работиме на надминување на нашите внатрешни несигурности. Затоа понекогаш е важно да повторувате афирмации секој ден.
Ова се кратки позитивни реченици кои треба да си ги упатувате во ситуации кога ви опаѓа самодовербата: „Знам колку вредам“ „Јас сум добра личност“ „Можам да се справам со секој проблем“. На овој начин, нашата свест ќе ја пренасочиме кон позитивни мисли и со поголема храброст и самодоверба ќе ги поминеме сите животни препреки.