Цените на авио билетите од Москва достигнаа астрономски суми.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, во 08:00 часот и се обрати на јавноста и најави делумна мобилизација и го потпиша указот кој веднаш стапи во сила.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти. Киев одговара дека ова е очекуван чекор и нагласува дека докажува дека работите на терен не одат според плановите на Москва.
Веднаш по најавата на претседателот на Русија Владимир Путин за делумна мобилизација, цените на билетите за летовите од Русија драстично пораснаа.
Речиси сите летови од Русија се веќе полни, а цената на преостанатите билети скокна на астрономско ниво.
Според Google Flights, а како што пренесуваат германските медиуми, најевтиниот билет за летот од Москва до Истанбул утринава чинел 1.154 евра.
Станува збор за 13-часовен ноќен лет на Азербејџан ерлајнс со попатна станица во Баку. Околу 11 часот биле распродадени билетите за овој лет, како и за сите други летови до турската метропола.
Летовите за Анталија, како и за Тбилиси и Ереван се распродадени.
Турција, Грузија и Ерменија се меѓу земјите во кои руските граѓани сè уште можат лесно да влезат, додека во ЕУ тоа им е забрането. Според веб-страницата Идеало, билет за директен лет од Москва до Истанбул чинел и до 9.253 евра.
Очигледно многу од рускиот народ не сака да војува. Прашањето сега е кој може да си замине од Русија а со новите цени на летовите и кој може да си го дозволи тоа.