После вчерашниот земјотрес од 6,9 степени, денес Тајван беше погоден од нов силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Тајван и предизвика големи штети. На социјалните мрежи се појавија видеа кои ја покажуваат јачината на земјотресот, а на едно од нив се гледа како мостови се уриваат од потресите објави Ројтерс.
Засега нема официјални податоци за материјални штети и жртви, но судејќи по снимката, урнати се бројни објекти.
Една од најшокантните слики е онаа на која се гледа како речиси целосно се урнал мостот на кој биле три лица во автомобили за време на земјотресот. По повеќе од еден час потрага, тајванските власти објавија дека луѓето се спасени и пренесени во болница.
Покрај мостовите, оштетени и непроодни се и многу патишта, а околу 600 луѓе останаа заробени во планинската област Чика и Лиушиши поради одрони на патиштата.
Исто така, шест вагони излетале од шините, што е потврдено од тајванската железничка управа.
„Тоа се случи откако се урна дел од настрешницата на перонот. За среќа, никој сериозно не се потресе“, беше објавено.
Според тајванските медиуми, опасноста се уште не поминала, а властите во Јапонија издале предупредување за цунами поради овој земјотрес.