Кога нешто е доволно важно, направете го тоа дури и ако шансите не се во ваша корист

ОВЕН

Доколку вашата нервоза и напнатост ја пренесувате на партнерот, големи се шансите кризата да ја префрлите и во вашата околина. Со помош на член од семејството ќе го вратите оптимизмот, иако реалната ситуација сепак бара голема претпазливост.

БИК

Правите компромис таму каде што не му е местото. Робувате на одредени верувања кои не се рационални. Доколку денес не го слушате советот на пријателот, би можеле да дознаете за тоа на непријатен начин. Верувате во добродушноста на другите луѓе.

БЛИЗНАЦИ

Ќе имате шанса за активности кои може да ве доведат до идеја да започнете приватен бизнис. Заладените односи со шефовите и лошата атмосфера ќе родат тим од луѓе со кои можете да планирате независен бизнис.

РАК

Крајот на еден циклус на работа ќе ве направи многу горди. Вашиот удел е голем, а како награда очекувате материјална награда. Без оглед на вашите вистински заслуги, бидете подготвени дека финансиската добивка нема да биде сразмерна со вложениот труд.

ЛАВ

Вашата концентрација не е на завидно ниво. Најмногу размислувате за уживање во времето со саканата личност и егзотични патувања. Во духот сте далеку од вашето место на живеење, па би било пожелно да се симнете од облаците на крајот на денот, во спротивно, ќе ве следи болно враќање во реалноста.

ДЕВИЦА

Транзитите ви носат шанса конечно на најдобар можен начин да ги презентирате вашите идеи кои досега беа погрешно разбрани и да ја добиете поддршката од соработниците од кои најмалку сте очекувале. Пазете се од повреди, а особено внимавајте во сообраќајот.

ВАГА

Се обидувате нешто да започнете одново. Вие сте личност создадена за нови проекти, но овој ден не е поволен за тоа. Одложете ги важните одлуки, особено ако сте во искушение да ги прекинете врските со луѓе за кои до денес имавте одлично мислење.

ШКОРПИЈА

Иако се изгледа ветувачко, не е поволен ден за договори и какви било трансфери. Одложете го тоа за некое време бидејќи ако сега започнете нови преговори, може да ве чекаат големи компликации. Во моментов, подалеку од вашиот поглед се информациите кои се клучни за вашиот проект.

СТРЕЛЕЦ

Конечно би можеле да ја донесете одлуката што ја одложувавте толку долго. Откако еднаш ќе пресечете и ќе се надминете себеси и својата неодлучност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето одговорност. На овој начин си давате слобода, и на себе си и на партнерот.

ЈАРЕЦ

Собирате храброст да ги пренесете вашите намери на членовите на семејството. Ситуацијата може да биде непријатна, но искреноста ќе се исплати. Не е се така црно како што сега ви изгледа. На крајот ќе добиете поддршка која сега воопшто не ја очекувате.

ВОДОЛИЈА

Мала пауза многу ви значи. Краткорочното полнење со позитивна енергија е поддржано од вниманието на саканата личност која несебично ве опсипува денес. Уживајте во вашата скапоцена пауза, ќе ви треба многу кондиција за обврските што претстојат.

РИБИ

Постои шанса да ви се оствари желбата да го промените работното место. Внимавајте, мора да бидете свесни дека ако го направите ова, влегувате во сосема нов живот по кој нема враќање назад. Размислете дали тоа е токму она што го сакате.

By Author