Британскиот крал Чарлс Трети и останатите деца на кралицата Елизабета Втора вчера бдееле покрај ковчегот на кралицата, кој е изложен во Вестминстерската сала додека се одава почит.

Кралот Чарлс Трети, принцезата Ана и принцовите Ендру и Едвард стоеја со грб кон ковчегот на кралицата, со наведнати глави, пренесува АП.

Граѓаните кои со часови чекаа во ред за да и оддадат почит на кралицата продолжија да минуваат покрај ковчегот додека траеше кралското бдение.

Слично бдение денес ќе одржат и осумте внуци на кралицата Елизабета Втора.

By Author