Председателот на Монголија, Унагијн Хурелсух, денеска изјави дека ја поддржува изградбата на нафтоводи и гасоводи од Русија до Кина преку Монголија. Дали санкциите кон Русија и енергенсите од оваа држава ќе им се вратат како бумеранг на западот?
Според преведувачот, на трилатералната средба со претседателите на Русија и Кина Владимир Путин и Кси Џинпинг во узбекистанскиот град Самарканд, Хурелсух предложил да се спроведат студии за економската изводливост на овие два проекти, јави ТАСС.
– Ја поддржуваме изградбата на нафтоводи и гасоводи за снабдување со природен гас од Русија до Кина преку територијата на Монголија и предлагаме ова прашање да се проучи од гледна точка на техничка и економска оправданост, рече Хурелсул на средбата. што се одржа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО).
Рускиот енергетски гигант Газпром планира да го изгради гасоводот „Моќта на Сибир 2“ преку Монголија до Кина, со цел до 2030 година годишно да извезува 50 милијарди кубни метри гас.
Плановите за изградба на нафтовод низ Монголија сè уште не се официјално предложени.