Во близина на брегот на Летонија, мал авион кој летал од Шпанија за Германија се урна и не слета.

Авионот продолжил да лета на север, а контролата на летот изгубила контакт со пилотот.

Не е познато колку луѓе имало во леталото.

Според првите информации, се работи за приватен авион од Австрија, кој полетал од Шпанија и требало да лета за Келн. Но, од непознати причини не слетал и продолжил да лета во правец на север.

Авионот последен пат е виден во шведскиот воздушен простор и се уште не е познато колку луѓе имало во него.

– Германските и данските ловци веднаш беа подигнати и се обидоа да воспостават контакт, но безуспешно – наведуваат шведските власти.

By Author