Дозволете другите да бидат во право, а вие само бидете среќни!

ОВЕН

Работа: Нема значителни промени на полето на бизнисот. Време е да се активирате и да не чекате туѓи ветувања, од кои нема ништо.

Љубов: Партнерот почнува да се сомнева во вашите намери и се повеќе се прашува колку навистина се грижите за одржување на врската.

Здравје: Нема сериозни компликации на полето на здравјето.

БИК
Работа:
Променливо расположение на полето на бизнисот. Иако не изгледа дека ќе имате некакви компликации.

Љубов: Се гледа голема пасивност, чекате нешто да се активира на полето на емоциите, но ништо конкретно не правите.

Здравје: Нерасположение, малку депресивна состојба.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Солидните аспекти се поврзани со полето на бизнисот. Не гледам никакви компликации. Постои можност за парична добивка.

Љубов: Имате поволни аспекти за да ги покажете чувствата кон партнерот, доколку нешто ве мачи да се отворите, кажете што е проблемот и партнерот ќе го разбере, ќесе обиде да ви помогнете.

Здравје: Поспаност, лошо расположение.

РАК
Работа:
Постојано сте незадоволни, се жалите на многу работи, но внимавајте, имате многу грешки, кои не ви даваат право да се жалите.

Љубов: Чувствувате доза на љубомора кај партнерот. Имате одлична можност да разговарате со партнерот и да ги отфрлите сомнежите кои ве мачат подолго време.

Здравје: Зголемено срцебиење.

ЛАВ
Работа:
Нема да имате никакви поголеми компликации. Ве очекува само просечен работен ден.

Љубов: На вашиот партнер донекаде му пречи вашата несериозност. Обидете се со својот настап да покажете дека всушност сте сериозни во врската во која се наоѓате, само дека во вас од другата страна има вечно дете.

Здравје: Внимавајте на крвниот притисок.

ДЕВИЦА
Работа:
Во последно време премногу се форсирате на деловно поле. Ви треба одмор.

Љубов: Чувствувате некаква несигурност, премногу внимавате на деталите, тоа почнува да го заморува партнерот.

Здравје: Намален имунитет, енергија ви е на резерва.

ВАГА
Работа:
Деловните аспекти се добри за припадниците на знакот Вага кои се занимаваат со приватен бизнис. За оние кои работат во компанија денот ќе биде полн со нервоза и неразбирање на одредени нарачки.

Љубов: Одличен ден отворено да разговарате со партнерот за сомнежите кои ги имате. Само така ќе добиете пореална слика.

Здравје: Неискористена голема количина на енергија.

ШКОРПИЈА
Работа:
Ситуацијата на работа е солидна. Не грижете се премногу за коментарите околу вас.

Љубов: Направивте некои грешки кога емотивното поле е во прашање. Преиспитајте се пред да го направите следниот чекор.

Здравје: Мала главоболка, проверете го крвниот притисок.

Стрелец
Работа: Видно сте иритирани од нов колега во вашата деловна средина. Не дозволувајте тоа да влијае на вашето поле на деловно работење.

Љубов: Опуштете се, обидете се да оставите се да оди спонтано, нека си дојдат коцките сами на своето место. Колку повеќе анализирате и се трудите емотивните настани да ги држите под контрола, ништо нема да се случи, ќе бидете сами.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

ЈАРЕЦ
Работа:
Очекувавте многу подобра заработка, мора да ги промените плановите.

Љубов: Не сте сигурни што сакате. Размислувате за личност од минатото, се грижите за него, но кога ќе се слушнете со неа, држите дистанца.

Здравје: Несигурност, проблем со самодовербата, лошо чувство.

ВОДОЛИЈА
Работа: Зрачите со позитивност, оставате многу позитивен впечаток и поволни деловни резултати. Ќе имате одличен ден на работа.

Љубов: Имате проблем со покажување на емоциите, како малку да се плашите од сериозност, поголеми планови. Не е исклучено оваа енергија да ви ја активирал партнерот, форсирајки некои работи. Обидете се да не правите избрзани потези.

Здравје: Можни воспаленија.

РИБИ
Работа: Не обидувајте се да ги решавате деловните обврски користејќи кратенки. Ќе направите грешки кои може скапо да ве чинат.

Љубов: Не претерувајте со барањата, партнерот е на прагот да се сврти и да си замине.

Здравје: Болки во стомакот.

By Author