СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Х.(58) од Р.Косово, поради постоење основи на сомнение дека на 19.04.2021 на Градскиот пазар во Охрид, пријавениот на жител на Охрид му одзел паричник, мобилен телефон и лични документи. Од страна на судија на претходна постапка му била изречена мерка притвор и бил спроведен во Казнено поправната установа Затвор-Охрид. На 19.04.2021 на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за брзина, во рамките на која биле откриени и санкционирани 60 возачи (ТЕ-50 и ГВ-10), кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место и 59 возачи (ТЕ-37 и ГВ-22) кои возеле побрзо од дозволеното во населено место. Исто така, биле санкционирани и шест други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-5). На 19.04.2021 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 38 прекршоци. Санкционирани биле и 2 прекршоци за нерегистрирани возила, 2 возачи кои возеле без возачка дозвола, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон… СВР Струмица во текот на вчерашниот ден (19.04.2021) спроведе засилени контроли во областа на сообракајот. Притоа, биле констатирани 29 прекршоци, од кои 17 за возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции. На 19.04.2021 во 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на автопат Миладиновци – Штип, во близина на надвозникот за с.Криви Дол, патничко возило „бмв 320“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(22) од Скопје излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А.(24) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот и уште тројца сопатници А.Б.(21), С.А.(24) и З.Е.(22), сите од Скопје, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип. На 19.04.2021 во 11.13 часот било пријавено на регионалниот пат Битола – Кичево, на излез од с.Лопатица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(37) од Скопје, патничко возило „фиат пунто“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(62) од Демир Хисар и товарно возило „ивеко“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(47) од с.Логоварди. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фиат пунто“ Д.Ѓ.(63) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола. На 19.04.2021 во 09.30 часот во СВР Скопје, Д.Ц.(44) од Чучер Сандево, скопско, пријавил дека на 16.04.2021 околу 12.00 часот неговиот син Ѓ.Ц.(20) од Чучер Сандево, додека извршувал работни задачи во приватна фирма со градежна машина во рудник во с.Бразда, се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. На 19.04.2021 во 11.28 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Н.Т.(58) од Скопје, со тешки телесни повреди, со кои се здобил при работа во фирма на подрачјето на Гази Баба. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. На 19.04.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.В.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Народни херои“ бил каснат од куче скитник. На 19.04.2021 во 13.10 часот во Полициската станица Чаир, Ф.Б.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Мара Междуречка“ бил каснат од куче скитник. На 19.04.2021 во 14.12 часот на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд фиеста“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(49) од Битола, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(51) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола. СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Штип и П.Т.(41) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавените, во текот на ноември и декември 2020 година, додека издржувале казна затвор во Казнено- поправната установа Затвор – Штип, оствариле контакт со жител од Охрид и доведувајќи го во заблуда ги обезбедиле неговите лични податоци и документи. Подоцна, со тие податоци подигнале брзи кредити од неколку финансиски друштва, а примопредавањето на парите го вршеле преку посредник. На овој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 100.000 денари.ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.З.(58) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Пријавениот, во текот на 2020 година, во месноста „Блутец“, во атар на селото, узурпирал земјиште, сопственост на верски објект и без одобрение од надлежен орган изградил објект. На 19.04.2021 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Р.(27) и Н.А.(42), двајцата од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот, како вработен во спортска обложувалница во населба Лисиче во Скопје, за време на неговата смена, со клучевите кои му биле доверени ги отклучил касите од трите ВЛТ апарати на игри на среќа и од нив ги извадил паричните средства и ги вложил во апаратите. Откако немал никаква добивка, пријавениот ги отворил апаратите и одзел 297.320 денари.На 19.04.2021 во 07.15 часот во СВР Скопје, Р.Т.(27) од Прилеп пријавил дека околу 07.10 часот во објект во изградба на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од 17-годишник од с.Трубарево, скопско. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. На 19.04.2021 во 16.15 часот во СВР Скопје, С.В.(34) од Скопје пријавил дека околу 16.10 часот пред маркет во с.Марино, скопско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од В.С.(55) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл. 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. На 19.04.2021 околу 18.30 часот во ОВР Прилеп, од Територијалната противпожарна единица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Ристо Крле“, сопственост на С.К. и З.Т.. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. На 19.04.2021 во 14.55 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди а4“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од М.М.(30) од Скопје и патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(46) од Скопје. Во незгодата со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобиле двајцата возачи и сопатникот во возилото „ауди“, З.Т.(52) од Скопје. Извршен е увид. На 19.04.2021 во СВР Охрид, 53-годишен жител од Охрид пријавил дека на 01.03.2021 бил измамен на социјалната мрежа „Фејсбук“. Според пријавеното, преку порака што ја добил од друг профил бил известен дека е добитник на наследство, поради што треба да стапи во контакт со адвокат од Франција. Како што е пријавено, притоа добил информација дека како примател на наследството, треба да уплати парични средства за да му биде префрлено на неговата трансакциска сметка, по што во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра како и 800 евра што ги уплатил негов пријател. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 19.04.2021 во Полициската станица Карпош било пријавено дека од Јавна установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(13), кој и претходно повеќе пати се оддалечувал од установата и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Е(28) од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори’’. На 17.06.2020, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што пронашле Canabis и ќеси со остатоци од тетрахидроканабинол, кокаин, кофеин и парацетамол. ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.С.(82) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Пријавениот поседувал ловен карабин калибар 7,46 мм, 54 куршуми со калибар 7х64 и еден куршум со калибар 7х64 R, кои ги чувал во својот дом без соодветна дозвола издадена од надлежен орган. На 19.04.2021 во 12.30 часот во СВР Скопје, С.С.(41) од Скопје пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка П.К.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.В.(31) и С.Д.(46), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.04.2021 во Кочани, во двор на куќа на А.Н. и И.В, пријавените со дрвени предмети го оштетиле патничкото возило „опел“, ја оштетиле куќата со кршење на стакла, по што физички ги нападнале оштетените. СВР Штип поднесе кривична пријава против И.С.(41) од с.Радање, штипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 06.03.2021 во с.Радање, пријавениот со пушка се заканил на Е.У. и неговиот татко. СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ј.(52), Б.А.(50) и Е.Ј.(25) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените А.Ј. и Б.А., за време на прогласена пандемија со ковид 19, на 03.04.2021 организирале свадбена прослава на пријавениот Е.Ј. во својот дом, од каде се упатиле кон домот на неговата сопруга, каде продолжиле со прославата. На прославата присуствувале околу 20 лица. На 19.04.2021 во Полициската станица Центар било пријавено дека од Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје се оддалечил нивниот штитеник Ч.С.(14), кој и претходно повеќе пати се оддалечувал од установата и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Н.Б.(50), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.04.2021 околу 13.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на Ј.Д (36) од Тетово, каде како раководител – закупувач е пријавената. При контролата во објектот бил

е затекнати гости седнати на масите и послужени со пијалаци и покрај Одлуката на Владата за времено затворање на угостителските објекти.

By Author