Руската специјална воена операција во Украина влезе во 181-от ден.
Првиот документ за безбедносни гаранции за Украина на крајот на август
Првиот документ за меѓународни безбедносни гаранции за Украина би можел да се појави на 29 или 30 август, најави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.
По средбата со советниците на претседателите на Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Романија и Унгарија, тој рече дека безбедносните гаранции се многу важно прашање за Украина и дека работата на тој документ е во тек, пренесува Униан. Тој додаде дека е запознаен со текстот и дека ќе биде многу силен документ.
Советникот на Зеленски бара повеќе HIMARS системи
– Цената за постигнување паритет на оган и уништување на логистиката на руската армија е „помала од јахтата на руски олигарх“, изјави висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Михаил Подољак предложи дека ќе бидат потребни 50 системи со долг дострел HIMARS испорачани од САД, по цена од околу 200 милиони долари, за „целосно да се промени текот на војната“.
Итна евакуација на американците – Амбасадата на САД ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина!
– Американската амбасада во Киев ги повика американските граѓани да ја напуштат Украина, наведувајќи дека Стејт департментот има информации дека Русија планира да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти во Украина во наредните денови.
„Од регионот Харков евакуирани 825 лица“
Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук соопшти дека 825 лица се евакуирани од областа Харков во североисточна Украина.
Во пораката на Телеграм таа наведе: „Успешна хуманитарна операција: 825 лица беа евакуирани денеска од неконтролиран дел на регионот Харков, од кои 238 се деца“
„Руските сили градат пловечки мост преку реката Днепар“
Министерството за одбрана на Велика Британија го објави најновиот разузнавачки извештај за кризата во Украина.
Во извештајот се наведува дека руските сили почнале со изградба на „голем пловечки мост“ преку реката Дњепар.
„Тоа ќе обезбеди клучна врска меѓу Херсон, кој беше окупиран од Русите, и истокот“, додаваат тие.
Градоначалникот на Дњепар ги потврди експлозиите во градот
Градоначалникот на Дњепар, Борис Филатов, изјави дека ракети паѓаат врз куќите и ги повика Украинците да останат во засолништата.
„Ве молиме, останете во засолништата. Веќе има информации за ракети кои паѓаат врз приватни куќи. Деталите ќе бидат објавени подоцна“, рече тој на Фејсбук.
Чавушоглу: Голем број земји од НАТО не сакаат крај на војната во Украина
Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека меѓу земјите на Западот и НАТО има и такви кои не сакаат да заврши конфликтот во Украина.
Чавушоглу рече дека не сака да каже за кои земји станува збор, но дека тоа добро го знае генералниот секретар на ОН.
„Постојат земји на Запад кои сакаат војната да продолжи, вклучително и земјите-членки на НАТО. Јас не мислам само на САД, јас мислам на земјите членки на НАТО“, рече Чавушоглу во интервју за ТВ каналот Хабер Глобал. како што јави агенцијата ТАС С.
Експлозии во Севастопол?
Рускиот гувернер на Севастопол во Крим денеска изјави дека во близина на градот е активиран противвоздушен одбранбен систем, откако руските медиуми објавија дека во градот се слушнале експлозии.
Гувернерот Михаил Развозаев на Телеграм напиша дека едн објект е срушен. Полуостровот Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година, беше потресен од серија експлозии во последните две недели.