Зрачењето во нуклеарната централа Запорожје засега е во дозволените граници, но доколку продолжи гранатирањето на украинската армија, прашање е колку долго ќе трае.

– Криминалните дејствија на Киев во врска со нуклеарната централа Запорожје го туркаат светот на работ на нуклеарна катастрофа, објави во Советот за безбедност на ОН постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја.

– Радијацијата во нуклеарната централа Запорожје во моментов е во дозволените граници, но доколку продолжи гранатирањето на украинската армија, прашање е до кога ќе биде така – истакна рускиот дипломат.

Тој најави дека Русија очекува експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија што е можно поскоро да ја посетат нуклеарната централа Запорожје.

Руската и украинската страна се уште се обвинуваат меѓусебно за гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје.

Украинската компанија за нуклеарна енергија Енергоатом тврди дека Запорожје бил гранатиран од проруски сили, додека претставник на руската регионална администрација, Владимир Рогов, наведува дека вооружените сили на Украина го гранатирале подрачјето на нуклеарната централа Запорожје и градот Енерходар денеска по втор пат.

(Спутник)

By Author