Американскиот актер Стивен Сигал снима документарен филм за ситуацијата во Донбас, изјави денеска лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република Денис Пушилин, по средбата со Сигал.

– Да, тој снима документарен филм за војната во Донбас. Тој денеска разговараше со воените затвореници во притворот Јеленовка. Некои од затворениците беа убиени неодамна во ракетен напад од украинска страна – изјави Пушилин на својот Телеграм профил, пренесе ТАСС.

Пушилин рече дека Сигал забележал дека 98 отсто од оние кои зборуваат за конфликтот во бројни медиуми не се на терен и затоа светот не ја ни знае вистината.

– Сигал сака да го промени ставот на светот кон оваа војна, но тоа нема да биде лесна задача, сепак, му посакувам среќа – додаде Пушилин.

Сигал го посети Донбас заедно со Леонид Слуцки, лидер на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР), кој е директор на меѓународниот комитет на руската Државна дума.

By Author