Целата вештина во бракот е да можеш да преминеш од љубов во пријателство, без да ја жртвуваш љубовта.

ОВЕН

Работа: Работите си одат по својот тек и повеќето родени во знакот Овен прават големи чекори кон своите професионални цели. Единственото нешто што е важно е да ја контролирате вашата нетрпеливост.

Љубов: Аспектите се многу поволни за да направите уште еден чекор кон зближување со личноста што неодамна ја запознавте. Не дозволувајте другите да се мешаат во вашите емотивни работи.

Здравје: Намален имунитет.

БИК

Работа: Секој ваш потег денес би можел да биде под лупа на претпоставените. Обидете се да правите што помалку грешки, особено кога комуницирате со колегите.

Љубов: Тоа е период на возвишени емоции и се може да биде подраматично отколку што е всушност, затоа не форсирајте ништо сега, тргнете се настрана.

Здравје: Чувствителност на грлото.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Се трудите да го завршите заостанатите работи, да средите се што е поврзано со документацијата, но и да одржувате рамнотежа со тековните обврски

Љубов: Можно е да добиете покана за излегување и дружење со личност која неодамна сте ја запознале, но средбата може да не биде онаква каква што сте очекувале.

Здравје: Можни се мали стомачни проблеми, стомачен вирус.

РАК

Работа: Иако нема индиции за поголеми проблеми на полето на професионалните активности, денес би можеле премногу да се грижите за делови од работата кои директно не зависат од вас. Можете да влијаете на некои околности.

Љубов: Посветете се на себе и на саканата личност на најпозитивен можен начин и за возврат ќе добиете повеќе отколку што очекувате.

Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.

ЛАВ

Работа: Многу е важно како ќе склучувате договори и уште поважно не ветувајте или потпишувајте ништо однапред. Без разлика колку сте силни или самоуверени, потребни ви се оние кои ќе ве водат и поддржуваат.

Љубов: Иако повеќето луѓе најверојатно се заинтересирани за вашиот љубовен живот, во овој вторник вашиот фокус не е најдобар, што би можело да остави впечаток на рамнодушност на другата страна.

Здравје: Можна главоболка.

ДЕВИЦА

Работа: Во текот на денот ве очекува наплив од контакти, договори и состаноци. Многу е недоречено, недовршено, и понекогаш ќе ви се чини дека никогаш нема да можете да приведете сè до крај.

Љубов: Доколку имате повеќе сомнежи за саканата личност, искористете го овој ден за да ги намалите тие дилеми во најмала можна мера.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.

ВАГА

Работа: Обидете се да размислите двапати пред да направите некои поконкретни потези или важни одлуки во деловната сфера. Очекувајте и одреден застој.

Љубов: Може да направите некои многу позитивни пресврти, но можете да отидете и во друга крајност, особено ако ве совлада љубомората.

Здравје: Можна мала настинка.

ШКОРПИЈА

Работа: Соберете ја целата своја сила и започнете ударнички, прво со оние ситуации кои долго време ги одложувате и кои се уште не се решени, а потоа чекор по чекор останатите. Слушајте ја вашата интуиција, која сега непогрешливо ќе ве води во вистинската насока на деловното работење. Сега инвестирате на најмудар начин.

Љубов: Не треба да се сомневате во искреноста на чувствата што ви ги покажува саканата личност. Работете малку повеќе за да разберете, опуштете се.

Здравје: Намален имунитет, можна настинка.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Мора да поставите нови начини на организирање на работата и да се обидете да го наметнете вашето мислење. Може да очекувате и нова деловна понуда.

Љубов: Доколку се работи за љубомора или сомнеж, потребно е ваквите мисли да ги исечете од корен, пред да станат поголем проблем во врската.

Здравје: Склоност кон повреди.

ЈАРЕЦ

Работа: Треба да направите голема промена, особено во комуникацијата со претпоставените. Вие сте во конфликт со авторитетот и тоа не е добро за тековите на деловните процеси.

Љубов: Овој ден посветете се на заеднички интереси, а меѓусебните потреби обидете се да ги усогласите со саканата личност. Уживајте.

Здравје: Осетливост во зглобовите, особено во колената.

ВОДОЛИЈА

Работа: Би било добро најтипичните претставници на Водолијата денеска малку да “прикочат” на полето на професионалните активности. Надворешните работи се уште се актуелни.

Љубов: Што се однесува до она што се случува во сферата на љубовните врски, денес се очекува да ја зголемите ангажираноста и да преземете иницијатива.

Здравје: Можна чувствителност на урогениталниот тракт.

РИБИ

Работа: Може да ве кочи и да ве забави ако им ја понудите вашата помош на колегите, кои ќе го искористат тоа и ќе ви ја додадат сопствената работа на врат.

Љубов: За лесни приказни и барем едно ново познанство во љубовната сфера, Рибите денес имаат многу добри аспекти. Уживајте.

Здравје: Можна главоболка.

By Author