Во текот на вчерашниот ден (07.08.2022) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Тетово и СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 50 возачи во Тетово и 30 во Битола.
Во Тетово од нив, 26 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Додека во Битола, 17 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, пет возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-соопштуваат од МВР.