Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за Спутник изјави дека билатерални контакти меѓу рускиот претседател и неговиот американски колега и други светски лидери не се планирани во рамките на самитот за климатски промени.Претходно Белата куќа објави дека американскиот претседател
Бајден покани 40 светски лидери, вклучувајќи го и неговиот руски колега, на настан што Вашингтон има намера да го организира на 22 и 23 април во виртуелен формат.Предвидено е самитот да се одржи на Денот на планетата Земја.
Покрај Путин, на самитот ќе учествуваат и високи претставници од Кина, Велика Британија, Германија, Австралија, Франција, Турција, Индија, Италија, Шпанија, Мексико, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и други земји.
Владимир Путин ќе ги претстави ставовите на Русија во контекст на воспоставување широка меѓународна соработка насочена кон надминување на негативните последици од глобалните климатски промени, се вели во соопштението.