Специјалната воена операција на РУСИЈА во Украина влезе во својот 164-ти ден.
Русија и Украина продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за Запорожје
Руската администрација на окупираниот украински град Енерходар објави дека далноводите во нуклеарната централа Запорожје биле прекинати од украинското гранатирање.
Во соопштението објавено на Телеграм, руската администрација објави дека избувнал пожар во реонот на нуклеарната централа, со која сè уште управуваат украински техничари и дека електричната енергија неопходна за безбедно функционирање на нуклеарната централа беше повлечена.
Од друга страна, Украина ја обвинува Русија за удари во близина на нуклеарната централа. Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ објави дека Русија ја гранатирала централата, но дека таа сè уште работи и дека не е откриено ослободување на радиоактивно зрачење. Таа објасни дека е одлучено да се исклучи еден од реакторите од електричната мрежа поради оштетување на електричните линии што ја поврзуваат електраната со термоцентралата Запорожје, која работи на фосилни горива.
Русија и Украина се далеку од преговори
Киев не покажува никакви знаци дека е подготвен одговорно да пристапи кон преговорите со Москва, изјави заменик-шефот на руската мисија во ОН Дмитриј Полјански.
– Во однос на мировните преговори, Украина не дава никакви сигнали дека зазема одговорна позиција. Имаат некои барања кои не можат да се најдат на преговарачка маса. Затоа се уште сме далеку од преговори – изјави Пољански за подкастот „Dajv“.
Германија испраќа модерни противвоздушни системи Ирис Т-СЛМ во Украина
Руските сили се собираат на југ
Министерството за одбрана на Велика Британија откри дека има значително зголемување на руските сили во јужна Украина.
Сепак, Министерството за одбрана соопшти дека не е јасно дали овие дополнителни сили планираат нов напад на украинска територија во пресрет на украинска контраофанзива.
„Долгите конвои руски воени камиони, тенкови, влечена артилерија и друго оружје продолжуваат да се оддалечуваат од украинскиот регион Донбас и се упатуваат југозападно. Опремата се движи и од Мелитопол, Бердјанск, Мариупол и од континентална Русија преку мостот Керч на Крим , кој го окупираше Русија“, се вели во извештајот.
Во Доњецк испукани мини
Киевските сили истрелаа мини „Лепесток“ врз Доњецк.
Украинските сили во текот на ноќта истрелаа пет ракети „Ураган“ кон Доњецк, а од утринава цел на повеќецевни ракетни фрлачи e Макеjевка.
Властите во Херсон не го признаваат „гувернерот“ назначен во Киев
Регионот Херсон всушност повеќе не е под јурисдикција на Украина и кадровските решенија на властите во Киев повеќе не важат за овој регион, изјави заменик-шефот на администрацијата на Херсон, Кирил Стремусов, пренесува Спутник.
Претходно, властите во Киев ја одобрија кандидатурата на Јарослав Јанушевич за функцијата шеф на администрацијата на регионот Херсон.
– Сите одлуки на нацистичкото раководство од Киев не ни значат ништо, тие одлуки се криминални – рече Стремусов и додаде дека назначениот шеф на администрацијата никогаш нема да дојде во Херсонската област.
Гранатирана Днепропетровска област , има жртви
Во текот на ноќта руското гранатирање во областа Днепропетровск повреди три лица и уништи станбени згради, меѓу кои и градинка и детски уметнички центар.
Во нападите неколку илјади луѓе останаа без струја и вода, бидејќи беа загрозени гасоводот, водоводот и електричната мрежа.