Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска во Тирана изјави дека со признавањето на независноста на т.н. Косово го прекрши меѓународното право и рече дека Мадрид не може да го прифати тоа.

– Сметаме дека тоа е еднострано прогласување независност и сметаме дека е прекршено меѓународното право, па не можеме да го прифатиме. Тоа го кажуваме со сета почит што ја имаме кон албанскиот народ – рече Санчез на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.

Тој додаде дека е нормално да има несогласувања меѓу две пријателски земји, како што се Шпанија и Албанија, и посочи дека во овој случај има несогласување во однос на признавањето на т.н. Косово.

Санчез рече дека тоа не значи дека во контекст на евроинтеграциите, Шпанија не го промовира дијалогот меѓу Србија и Приштина, пишува Albanian Daily News.

By Author