Австралија не брза да ги отвори меѓународните граници и да го ризикува животот кој е скоро ослободен од корона вирусот, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

Австралија ги затвори границите за сите лица кои не се нејзини државјани, или немаат регистрирано место на живеење на нејзината територија во март 2020 година, а ограничен влез беше дозволен само во претходните месеци, главно за граѓаните што се враќаа дома, објави Ројтерс.

Затворањето на границата, заедно со силните рестриктивни мерки, следењето на контактите и почитувањето на рестриктивните мерки, ја направи Австралија една од најуспешните земји во контрола на пандемијата, така што помалку од 29.500 случаи се регистрирани во земјата од првиот случај, додека 910 пациенти починале.

“Австралија не брза да ги отвори своите граници, ве уверувам. Јас нема да го загрозам начинот на кој живееме во земјата, што денес е доста поразлично во споредба со остатокот од светот”, рече Морисон.

Веќе неколку месеци, освен за време на кратки заклучувања, Австралијците можат да седат во ресторани, слободно да се собираат и да не носат маски на повеќето места.

Австралијците и соседите од Нов Зеланд од понеделник ќе можат да патуваат едни кај други без задолжителен карантин

By Author