Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 101 санкција, пет мерки за возење под дејство на алкохол, две санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.

By Author