Специјалната руска воена операција влезе во 128-от ден
Борбите главно се водат на истокот на земјата.
Сите главни транспортни патишта кои водат до и од Лисичанск и целата територија на најголемата градска нафтена рафинерија во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) се под контрола на руските сили.
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, призна дека украинската армија е во многу тешка ситуација во Донбас, во областа Лисичанск, Авдеевка, Бахмут (Артјомовска).
Поради руските „искендери“ Берлин размислува за набавка на противракетни системи од САД или Израел, а набавка на системи за противвоздушна одбрана најавуваат и Естонија и Летонија.
Првиот автобус по осум години тргна од Крим за Херсон
Автобуската линија меѓу Крим и Херсон, Мелитопол и Бердјанск започна со работа по осум години пауза, првиот лет тргна од Симферопол до Херсон, јавува дописникот на РИА Новости.
Регионален функционер: Погодена е станбена зграда во близина на Одеса, 17 мртви
Украинската Државна служба за итни случаи (СЕС) објави дека во шест часот наутро во напад врз станбена зграда загинале 14 лица, а 30 се повредени, меѓу кои три деца. Во одвоен напад на рекреативниот центар загинаа три лица, меѓу кои и едно дете, а едно е повредено, соопшти СЕС.
Министерството за вонредни состојби соопшти дека околу еден час по полноќ, проектил погодил зграда во градот Билгород-Дњестровски, при што, според досегашните информации, повредени се 30 лица.
Путин: Западот се фати во стапица себеси, обидувајќи се да ја задржи Русија
Западот се зароби себеси, бидејќи не можеше да ги предвиди тенденциите кои ќе придонесат за слабеење на неговата глобална доминација, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
“Западот се обидува да ја игнорира реалноста што не му одговара, како и формирањето на мултиполарен светски поредок. Нема сомнеж дека не може целосно да ги игнорира овие објективни тенденции. Но, во пракса, неговата политика се води од една цел – да ја зачува сопствената доминација со сите средства“, рече Путин во седиштето на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР), каде што присуствуваше на прославата на стогодишнината на руската тајна разузнавачка служба.
Украинците го гранатираа градот во ЛНР
Украинските војници го гранатираа градот Ровенки во Луганската Народна Република со помош на американскиот MLRS M142 HIMARS, соопшти претставништвото на ЛНР. Според извештаите, во 06:30 часот врз градот биле истрелани две ракети.