САД соопштија дека ќе бидат во можност да приметат било каков чекор на Ал Каеда во Авганистан.

Тоа ќе се случи и покрај најавеното повлекување на војската, информираат од Белата куќа.

„Веруваме дека имаме начин да приметиме секаква терористичка закана или било каков знак за дејствија на Ал Каеда и без присуството на нашата војска“, рече портпаролката на Белата куќа Псаки, а пренесува „Reuters“.

Ова беше соопштено ден по изјавата на Џо Бајден дека ја повлекува војската после цели 20 години војување.

Имено, во своето излагање американскиот претседател рече дека војската ќе започне со повлекување на први мај и ќе биде целосно повлечена до 11 септември.

By Admin