Според американскиот лидер, неговата администрација се обидува да ја намали цената на бензинот во земјата, пренесе РИА Новости.

Зголемувањето на цените на бензинот и инфлацијата се очекувани последици од помошта за Украина, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден на прием во Демократскиот национален комитет.

„Реков во тоа време, кога решивме да и помогнеме на Украина – тоа ќе не чини. Тоа ќе ги чини западните земји, ќе го чини НАТО. Тоа ќе ги чини европските земји и нас. Затоа што знаете што требаше да се случи? Цените на бензинот, нафтата цените мораа да растат, цената на храната мораше да расте“, рече Бајден.

Според американскиот лидер, неговата администрација се обидува да ја намали цената на бензинот во земјата, пренесе РИА Новости.

„Но, суштината е дека ќе живееме со оваа инфлација некое време. Таа постепено ќе се намалува, но ќе живееме со неа уште некое време“, предупреди Бајден.

Тој изрази и мислење дека САД имаат добри изгледи за иднината.

„Многу луѓе се загрижени за инфлацијата, цените на храната и други прашања, но факт е дека имаме најбрзо растечка економија во светот“, рече Бајден.

By Author