Три тела се пронајдени на имот во Биненбител, Германија. Според првите информации дошло до крвава расправија меѓу соседите, соопшти полицијата во петокот вечерта.

Локалните жители рекоа дека слушнале неколку истрели и врисоци напладне и ја известиле полицијата.
Загинатите се идентификувани како 85-годишниот сопственик на имотот, 62-годишен сопственик на соседниот имот и неговата 61-годишна сопруга.

Според првите информации, 85-годишникот ги убил соседите, изјавил портпаролот на полицијата, пренесува Der Tagesspiegel. Убиецот потоа се самоубил.

Локалните жители рекоа дека слушнале пукотници и врисоци напладне и ја известиле полицијата. На местото на настанот излегле голем број Итни служби, каде потоа биле пронајдени безживотни тела.

Бидејќи на 85-годишникот му било дозволено да лови со повеќе видови огнено оружје, полициските службеници постапиле со висока претпазливост.

By Author