Бидете внимателни при изборот на пријател, а уште повнимателен кога го менувате.

ОВЕН

Работа: Поволен аспект ќе придонесе за правење добри деловни потези, кои може да ви донесат финансиски напредок на долг рок.

Љубов: Период на хармонија во односите со партнерот, но и зголемени страсти и потреба за нежност. Слободниот Овен го очекува судбоносна средба во овој период. Може да се заљубите во една многу привлечна личност на прв поглед.

Здравје: Пневмонија.

БИК

Работа: Поволниот аспект ќе ви помогне подобро да се организирате и да го направите вистинскиот деловен потег, кој ќе ве одведе во насока на деловен успех.

Љубов: Станавте свесни дека постоела дистанца меѓу вас и партнерот, бидејќи секој од вас има премногу обврски. Слободните бикови можат да запознаат интересна личност на патување.

Здравје: Чувствителност на грлото.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Планетите кои престојуваат во вашиот знак придонесуваат да се чувствувате во вашиот елемент. На работа покажувате ефикасност, а за тоа посебно ќе бидете пофалени од претпоставените.

Љубов: Овој период ќе ви даде можност да внесете некои важни нови елементи во врската со партнерот. Слободните Близнаци очекуваат да запознаат интересна личност преку работа.

Здравје: Страдате од алергии.
РАК

Работа: Поволниот аспект ќе придонесе за подобрување на деловната комуникација со вашите деловни партнери. Ве очекува успех преку презентации и преговори.

Љубов: Многу повеќе ќе излегувате заедно со партнерот, а тоа ќе придонесе за подобрување на општата атмосфера меѓу вас. Меѓу вас ќе има обновување на стариот жар.

Здравје: Проблеми со варењето.

ЛАВ

Работа: Ќе ви се зајакне интуицијата, па ќе инвестирате во вистинските работи кои подоцна ќе ви донесат значително подобрување на финансиската состојба.

Љубов: Ќе поминувате многу повеќе време со партнерот и на тој начин ќе го надополните периодот кога бевте презафатени со деловните обврски.

Здравје: Позитивниот став придонесува и за зголемена енергија, па вие сте омилени во општеството.

ДЕВИЦА

Работа: Треба да станете сериозни и да ја завршите својата работа на најдобар можен начин. Не е лошо што знаете да се опуштите, но таквиот однос кон обврските подоцна би можел да предизвика негативни последици, чие санирање можеби ќе доцни.

Љубов: Овој период може да ви донесе несогласувања и недоразбирања со партнерот. Различни погледи имате за вашата заедничка иднина, и овие сосема различни ставови можат да станат сè поакутни со текот на времето.

Здравје: Исцрпени сте.

ВАГА

Работа: Поволните аспекти ви носат можност да инвестирате на начин што ќе ви донесе значителна финансиска добивка. Доколку имате намера да започнете сопствен бизнис или да ја смените работата, овој период е идеален за тоа.

Љубов: Односот со партнерот добива на квалитет, па ќе одлучите да поминете многу поконструктивно време заедно.

Здравје: Појава на егзема.

СКОРПИЈА

Работа: Доброто чувство за насока ќе ви овозможи да донесете правилни одлуки во вистинско време, како и да инвестирате на најдобар можен начин.

Љубов: Овој период ве става во експериментална фаза, во која на испит ќе се најдат чувствата вашите и на партнерот. Ќе се прашувате што е тоа што навистина го чувствувате еден за друг.

Здравје: Активни сте!

СТРЕЛЕЦ

Работа: Поволен аспект ќе ви донесе успех на деловни состаноци и проширување на кругот на деловни соработници. Ќе можете многу да ја подобрите комуникацијата. Со својата сугестивност ќе се борите за условите кои ви одговараат.

Љубов: Поволниот аспект на почетокот на месецот внесува поголема хармонија во односот со партнерот. Се очекува Стрелецот го очекува познанство на патување.

Здравје: Нервоза.

ЈАРЕЦ

Работа: Сега е вистинското време да ги реализирате вашите најхрабри идеи. Овој период ќе ви донесе позитивни резултати од реорганизацијата што се спроведува во рамките на вашата компанија.

Љубов: Овој период придонесува за подобрување на квалитетот на односите со партнерот, па многу повеќе време ќе поминувате во конструктивни разговори.

Здравје: Ревматските проблеми ве мачат веќе некое време, а сега се особено изразени.

ВОДОЛИЈА

Работа: Во овој период ќе можете да завршите со работа на долгорочен проект. За тоа ве очекуваат пофалби од претпоставените и колегите.

Љубов: Овој период не е поволен во односот со партнерот, па можни се несогласувања во реализацијата на заедничките цели. Затоа, можни се чести кавги.

Здравје: Гастритис.

РИБА

Работа: Нерасположени сте бидејќи се ближат деновите кога ќе бидете принудени да донесувате важни одлуки. Ситуацијата ве растажува, сфаќате дека немате доволно можности на сите да им покажете што мислите. Бидете трпеливи, не подлегнувајте на песимизмот.

Љубов: Несогласувањата меѓу вас и вашиот партнер ќе го одбележат овој период. Вашите ставови за важните работи се сосема различни, а со текот на времето вашите разлики може да станат уште поостри. Ќе биде потребно компромисно решение.

Здравје: Проблеми со стапалата.

By Author